Францускиот тенисер Жил Симон тврди дека тенисот загубил 20 години затоа што сите сакале да играат како легендарниот тениски ас – Роџер Федерер. Поради тоа, Симон навива неговите рекорди да паднат.
Жил Симон објави книга, многу е присутен во медиумите, а неговите изјави во медиумите често „креваат прашина“.
Дваесет грен слем титули, 103 трофеи во кариерата, рекорд по бројот на недели на кои Швајцарецот беше на прво место на АТП листата – тоа се само дел од причините поради кои Симон „го напаѓа“ Федерер.
„Со децении се веруваше дека треба да се тренира како Федерер. Тој со својот стил на игра и самодовербата која ја има го потврди тоа. Не натера да загубиме 20 години. Сите во Франција го сакаат, родители, тренери. Не разбираме дека Рафаел Надал освои исто толку грен слемови работејќи нешто друго. Би помогнало кога би паднале рекордите на Федерер, тогаш би можеле да ги видиме и останатите“ рече моментно 58-от светски тениски рекет.