Поранешниот вардарец Скубе е нов играч на полски Киелце

Поранешниот вардарец Скубе е нов играч на полски Киелце

пред 3 години

Словенечкиот ракометен интернационалец Стаж Скубе, кој е поранешен играч на скопски Вардар реши да ја промени средината. Од редовите на Мешков Брест, брзоногиот среден бек се сели во полски Киелце и во сезоната 2022/23 ќе настапува под тренерската палка на Талант Душебаев.

Полскиот состав секоја сезона атакува на највисок пласман во домашниот шампионат, но и во ракометната Лига на шампиони. Неодамна тимот каде што настапуваат уште двајца поранешни играчи на Вардар – Игор Караџиќ и Алекс Душебаев, се засили со Беноа Кункуд и со Французинот Недим Ремили, а меѓу стативите го имаат Германецот Андреас Волф.

Скубе е последното засилување за нов обид за напад на европската титула.

„Многу сум среќен што потпишав договор со Киелце. Станува збор за многу амбициозен тим, со многу добри играчи и врвен тренер. Сите ги знаеме и навивачите на Киелце, каква атмосфера создаваат во салата. Одлуката да ја прифатам нивната понуда беше лесна и едноставна“ изјавил Словенецот.

Share
Scroll to Top