Поранешниот македонски селектор спогодбено се раздели со Хапоел

Поранешниот македонски селектор спогодбено се раздели со Хапоел

пред 9 месеци

Поранешниот селектор на кошаркарската репрезентација на Македонија, Александар Џикиќ повеќе не е тренер на Хапоел Ерусалим. Џикиќ спогодбено се раздели со Хапоел.

Клубот објави дека договорот со Џикиќ е раскинат од лични причини, но и поради безбедносната ситуација во Израел.

Во меѓувреме, израелски „Вала спорт“ објави дека договорот е раскинат, бидејќи Џикиќ не сакал да се врати во Израел поради војната што е во тек, па останал во Белград, каде Хапоел ги игра натпреварите од Лигата на шампионите на ФИБА.

За потсетување, Џикиќ со Ерусалим ги освои Купот и Суперкупот на Израел, стигна до финалето на Лигата на шампионите на ФИБА, а во текот на оваа сезона избори пласман во ТОП 16 фазата. Беше прогласен за најдобар тренер во Израел минатата година.

Џикиќ, како што тврдат специјализираните кошаркарски портали, ќе биде новиот селектор на Грузија.

Грузија во текот на летото ќе игра во квалификациите за Олимписките игри. Грузија ќе биде на турнирот во Летонија, во група со домаќинот и Филипините, додека другата група ќе ја сочинуваат Бразил, Црна Гора и Камерун. Победникот на турнирот оди во Париз.

Share
Scroll to Top