Поранешниот пулен на Арсенал, Џек Вилшир не може да си најде клуб

Поранешниот пулен на Арсенал, Џек Вилшир не може да си најде клуб

пред 3 години

Поранешната ѕвезда на Арсенал, признава дека „ништо не се случува“ во неговата потрага за нов клуб, откако помина половина сезона со Бурнемаут во 2020/21.

29-годишниот поранешен голем талент на Арсенал, во јануари потпиша краткорочен договор со Бурнемаут, за кои имаше 17 настапи, и сега пред стартот на новата сезона уште е во потрага по клуб.

„Имав добра предсезона, тренирав со еден клуб за да останам фит. Мислам дека сум во добра форма, физички сум на 29 години! Чекам вистинска шанса, но искрено, ништо не се случува. Само чекам, но не знам колку долго можам да чекам“, признава Вилшир.

Вилшир беше прогласен за најдобар млад фудбалер во Премиер лигата во 2010/11, по што дебитираше за англиската репрезентација на 18 години, како 10-ти најмлат фудбалер во историјата. Но, потоа дојдоа повредите, и од 2011 никогаш немаше над 14 меча по сезона. Во 2018 тој се приклучи на Вест хем, кои во октомври 2020 го отпуштија по само 19 меча.

Share
Scroll to Top