Поранешниот фудбалер на Интер, Гварин го нападнал сопственото семејство

Поранешниот фудбалер на Интер, Гварин го нападнал сопственото семејство

пред 4 години

Поранешниот фудбалер од средниот ред на Интер, Колумбиецот Фреди Гварин е „фатен“ на камера како е уапсен од колумбиската полиција по пријава за домашно насилство. Снимката го покажува 34-годишниот фудбалер на Милонариос, како го приведуваат во очигледна алкохолизирана состојба и прекриен со крв.

Според колумбискиот „Ел паис“, полицијата ја повикале самите членови на неговото семејство, откако тој го нападнал својот татко. Друго видео го покажува Гварин пред болницата, каде што тој беше врзан за носилка.

Гварин играше за Интер од 2012 до 2016, кога замина во кинескиот Шангај Шенхуа.



Share
Scroll to Top