Портланд ги турна Лејкерси во плеј-ин зоната, Дончиќ ја мина границата од 5.000 поени

Портланд ги турна Лејкерси во плеј-ин зоната, Дончиќ ја мина границата од 5.000 поени

пред 3 години

Десет натпревари се одиграа изминатата ноќ во НБА лигата. Јута го победи Денвер, во дербито со 127:120, а во најинтересниот меч, Портланд славеа против ЛА Лејкерс со 106:101. Лука Дончиќ во победата на Далас над Кливленд 110:90 ја мина границата од 5.000 поени во кариерата.

Портланд ги победија Лејкерси и се искачија на шестто место на табелата, во Западната конференција. Со овој пораз актуелните шампиони испаднаа во плеј-ин зоната.

Демијан Лилард го предводеше Портланд со 38 поени, Мекалум постигна 21, а Пауел 19 поени. Кај Лејкерси се истакна Ентони Дејвис со 36 поени. Двоцифрен ефект имаа уште само Карус (18) и Калдвел-Поуп (17).



Далас Маверикс лесно славеа во дуелот со Кливленд Кавалирс 110:90. Лука Дончиќ натпреварот го заврши со 24 поени и осум скока. Тој на овој меч ја мина границата од 5.000 поени во кариерата.

Со 22 години и 68 дена, Словенецот е четвртиот најмлад кошаркар во историјата на лигата кој ја минал границата од 5.000 поени. Помлади од него кога стигнале до ваков рекорд биле само супер-ѕвездите Леброн Џејмс, Кармело Ентони и Кевин Дурент.

Резултати:

Филаделфија-Њу Орлеанс 109:107
Чикаго-Бостн 121:99
Шарлот-Орландо 122:112
Мајами-Минесота 121:112
Милвоки-Хјустон 141:133
Сакраменто-Сан Антонио 104:113
Финикс-Њујорк 128:105.

Share
Scroll to Top