Фудбалскиот сојуз на Португалија експресно го реши проблемот поврзан со фудбалерите кои играат во англиските клубови. Поради „црвената листа“ на британската влада, а на која се наоѓа и Португалија, сите кои во Велика Британија влегуваат од овие земји, задолжителен е 10-дневен карантин.
Бруно Фернандеш, Рубен Дијаз, Бернанрдо Силва, Диого Жота, Рубен Дијаз, Жоао Мутињо, Педро Нето, Руи Патрисо и Жоао Кансело се стандардни во португалската репрезентација.
Португалците за дуелите со Азербејџан и Србија ќе се соберат во Торино. Во овој град на 24.март ќе го пречекаат Азербејџан, а три дена подоцна ќе гостуваат во Србија.
Кога наведените фудбалери ќе се вратат во Велика Британија нема да мора да одат во карантин, бидејќи Италија и Србија не се наоѓаат на „црвената листа“.