Постекоглу за поништениот гол на Лукаку: Фудбалот го претворивме во форензика

Постекоглу за поништениот гол на Лукаку: Фудбалот го претворивме во форензика

пред 3 месеци

Менаџерот на Тотенхем, Ангелос Постекоглу, не разбира како ВАР му го поништи голот на Ромелу Лукаку против Романија. Напаѓачот на Белгија нема среќа со технологијата на ЕП, во првите два натпревари ВАР му поништи три гола.

Лукаку против Романија постигна гол при резултат 1:0, но истиот нешто подоцна беше поништен поради милиметарски офсајд.

„Подобро да не зборуваме за тоа. Мојата фрустрација е што фудбалот го претворивме во форензика, во милиметри. Да не постоеше технологијата и голот да важеше, никој немаше да каже ни збор. Кога беше остварен контакт со топката? Го видовме финалниот производ, но не видовме кога започна додавањето. Јас не сум поддржувач на ВАР. Единствено позитивно е што одлуките се носат брзо“, рече Постекоглу.

Share
Scroll to Top