Постекоглу: Перишиќ повеќе нема да игра за нас

Постекоглу: Перишиќ повеќе нема да игра за нас

пред 11 месеци

Иван Перишиќ веројатно нема повторно да игра за Тотенхем. Хрватскиот репрезентативец беше една од темите на прес конференцијата во Лондон, на која тренерот на Спарс, Ангелос Постекоглу јасно кажа дека Перишиќ веќе ги одиграл последните минути за Тотенхем.

Перишиќ одигра 50 натпревари за Тотенхем, постигна еден гол и забележа 14 асистенции. Тој моментално е во процес на рехабилитација од операцијата, откако во септември ги скина предните вкрстени лигаменти на десното колено.

Тој е под договор со Тотенхем до крајот на сезоната. Постекоглу беше јасен кога беше запрашан за ситуацијата во која се наоѓа Перишиќ и дали потои шанса да се појави во тимот до крајот на сезоната.

„Не. Морам да бидам фер кон него и да признаам дека работи напорно. Очигледно е дека сака да биде фит за националниот тим. Неговото отсуство е голем удар за нас. Очекував голем придонес од него оваа сезона и ние видовме во првите натпревари колку може да влијае на играта. Но, да. Тој повеќе нема да игра за нас “, рече тренерот на Тотенхем.

Share
Scroll to Top