Почина славниот капитен на КК Партизан, Миленко Савовиќ

Почина славниот капитен на КК Партизан, Миленко Савовиќ

пред 4 години

Миленко Савовиќ, поранешниот српски кошаркар и легенда на Партизан, Миленко Савовиќ почина на 61 година, објавија српските медиуми.

Савовиќ кариерата ја почна во 1977 година со Партизан, со кои освои три титули во поранешна Југославија, три Купови на Радивое Кораќ и два југословенски купа. Во Партизан тој играше 12 години, станувајќи миленик на навивачите, кои му дадоа прекар „Свети Сава“.

По крајот на кошаркарската кариера, тој беше директор на Партизан, во периодот кога клубот ги имаше најголемите успеси, односно ја освои европската титула во 1992 година.

Според српските медиуми, тој бил примен во болница уште пред еден месец поради компликации со КОВИД-19.

Share
Scroll to Top