Почина Томи Доерти, поранешниот менаџер на Манчестер јунајтед

Почина Томи Доерти, поранешниот менаџер на Манчестер јунајтед

пред 3 години

Томи Доерти, поранешниот менаџер на Манчестер јунајтед и Челси, и селектор на шкотската репрезентација почина на 92 години. Популарниот „Док“ починал во својот дом во северозападна Англија по долга болест, потврди неговото семејство.

Роден во Глазгов, Доерти беше менаџер на Челси, Манчестер јунајтед и Астон вила и на уште девет англиски клубови во 27-годишната кариера. Тој претходно имаше над 300 настапи за Престон норт енд, а играше и за Селтик, Арсенал и Челси, со 25 настапи за шкотската репрезентација.

Со Челси го освои Лига купот во 1965 година, но најголемите успеси ги имаше во Манчестер јунајтед. Тој пристигна во 1972 година во остарениот тим на „ѓаволите“, и во 1973/74 испаднаа во втората лига, враќајќи се експресно и освојувајќи го третото место во 1975/76 и загубија во ФА куп титулата. Следната година, тој ги предводеше Јунајтед до 2:1 победа над Ливерпул во ФА куп финалето.

Share
Scroll to Top