Почина тренерот Дејан Милојевиќ

Почина тренерот Дејан Милојевиќ

пред 4 месеци

Српскиот кошаркарски тренер Дејан Милојевиќ почина на 47-годишна возраст од срцев удар.

Оваа информација ја потврди и Голден Стејт Вориорс каде Милојевиќ беше помошник тренер.

На Милојевиќ му се слошило во вторникот вечерта додека вечерал во ресторан во Солт Лејк Сити, веднаш бил пренесен во најблиската болница, а потоа итно опериран.

Веста брзо се прошири низ светот, а иако првично беше објавено дека е во стабилна состојба, тој не преживеа.

Своите први кошаркарски чекори ги напаравил во кошаркарскиот клуб Беовук од Белград.

Додека играше за Беовук јуниорс, тој постигна 131 поен на еден натпревар, што е рекорд и до ден денес.

Во 1998 година се преселил во ФМП Железник. По две сезони во ФМП, тој се пресели во Будуќност каде ги покажа своите кошаркарски способности и за четирите години поминати во клубот ја освои двојната круна во сезоната 2000/01 и се пласираше во 16-те најдобри екипи во Евролигата.

Во 2004 година се пресели во Партизан и стана најдобар играч на регионалната лига и неколку пати најкорисен играч на колото во Евролигата.

Со Партизан освои две шампионски титули на Србија и Црна Гора. Избран е за најдобар играч на Јадранската лига и за најдобар играч на СЦГ во сезоната 2003/04.

Замина од Партизан во Памеса, каде мина две сезони, но со нешто помал успех.

Во сезоната 2008/2009. кратко време беше член на турски Галатасарај.

Во 2009 година се врати во Партизан каде ја заврши кариерата.

Беше младински репрезентативец до 22 години (со кој освои злато).

Со сениорската репрезентација на СР Југославија освои златен медал на ЕП 2001 во Турција.

Настапуваше и на ЕП 2005 во Србија и Црна Гора.

Во октомври 2012 година, откако претходниот тренер Владе Вукоичиќ замина во Црвена Звезда, стана прв тренер на Мега.

Таму остана најдолго, дури осум години, освојувајќи го Купот Радивој Корач во 2016 година, за кој истакна дека е најдобар момент во неговата кариера.

Оттаму, тој замина во НБА во 2020 година и таму продолжи да ја гради својата кариера.

Од октомври 2021 година, стана член на стручниот штаб на Стив Кер во Голден Стејт Ворирос. Во Сан Францисоко работеше со центрите на Ворирос.

Во 2022 година со Ворирос ја освои титулата во НБА лигата.

Share
Scroll to Top