По долга борба со ракот почина младиот фудбалер на Јуве, Додиен

По долга борба со ракот почина младиот фудбалер на Јуве, Додиен

пред 3 години

Брајан Додиен, поранешниот младински фудбалер на Јувентус, почина на 17 годишна возраст по двегодишна борба со ракот, предизвикувајќи емотивна реакција од поранешниот фудбалер на „бјанконерите“, Пол Погба.

На Додиен уште во 2015 година, кога имаше само 11 години, му бил дијагностициран рак, а Погба во 2015 година носеше маичка со поддршка за младиот фудбалер.  Додиен се врати на фудбалот во 2019 година во У-15 тимот на Јувентус, но сега ја загуби храбрата битка.

Погба се јави со порака на Инстаграм.

„Најтажна вест. Моето сочувство на сите кои му беа блиски. Никогаш не е лесно да загубиш некој сакан и јас никогаш нема да го заборавам. Се бореше силно, беше храбар и пример на сите. Збогум, мој мал пријателу“, напиша Погба.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paul Labile Pogba (@paulpogba)

Share
Scroll to Top