По испаѓањето од ЛП, Гвардиола го отпиша играчот за кој плати 117 милиони евра

По испаѓањето од ЛП, Гвардиола го отпиша играчот за кој плати 117 милиони евра

пред 4 недели

Пеп Гвардиола одлучи дека повеќе нема место за Џек Грилиш (28) во тимот на Манчестер Сити, објави Фудбал Инсајдер. Англиските медиуми наведуваат дека причина за ваквата радикална одлука на шпанскиот менаџер е општото незадоволство во клубот од игрите кои Грилиш ги пружа на теренот. Тие се особено незадоволни од неговите натпревари во Лигата на шампионите оваа сезона. Во осум настапи, Грилиш нема постигнато гол.

Манчестер Сити за напаѓачот на Астон Вила плати 100 милиони фунти или 117 милиони евра. Откако е платен цело богатство, Грилиш во јавноста се гледа и оценува со особено критичко око, а тоа очигледно е случај кога станува збор за внатрешни оценки за неговиот настап.

Фудбал Инсајдер вака наведува дека е донесена одлука Грилиш да им биде понуден на сите заинтересирани клубови во летниот преоден рок, но не се наведува колку Сити ќе бара за него. Она што е апсолутно сигурно, англискиот шампион нема да ги врати парите што ги вложи во Грилиш. Во моментов Грилиш вреди 65 милиони евра според Трансфермаркт.

Share
Scroll to Top