Прва титула во кариерата – Карацев го освои Дубаи

Прва титула во кариерата – Карацев го освои Дубаи

пред 4 години

Аслан Карацев го освои АТП турнирот во Дубаи. Рускиот тенисер, кого пошироката јавност го запозна на Авастралија опен, кога како квалификант стигна до полу-финалето, во мечот за титулата го победи Лојд Херис од Јужна Африка со 6/3, 6/2.

Карацев, доби специјална покана за учество на турнирот во Дубаи. Довербата на организаторот максимално ја оправда. На патото до титулата тој ги победи Герасимов, Еванс, Сонего, Рубљов и на крајот Херис, кој во Дубаи мораше да игра и квалификации.

Благодарение на оваа титула, која е прва во неговата кариера, Карацев, од понеделник ќе биде 27. на АТП листата, што е негов најдобар пласман во кариерата. Голем скок на АТП листата ќе направи и Херис, тој од наредната недела ќе ја започне на 52 место.

Share
Scroll to Top