Првиот пик на НБА драфтот го откажа настапот за Франција на СП

Првиот пик на НБА драфтот го откажа настапот за Франција на СП

пред 10 месеци

Францускиот кошаркар Виктор Вембањама, кој како прв пик на драфтот беше избран од Сан Антонио Спарс, објави дека нема да учествува на Светското првенство годинава.

„Тоа не би било реално во однос на развојот или за внимателноста во однос на здравјето“, изјави 19-годишниот Вембањама.

Поранешниот играч на Метрополитенс 92 го опиша изборот како „неотповиклив“ и „фрустрирачки“, истакнувајќи дека учеството на следното Светско првенство од 25 август до 10 септември во Азија ќе значи вкупно „170 натпревари во 24 месеци“, вклучувајќи ја и претстојната сезона и Олимписките Игри во Париз 2024 година.

„Се надевам дека луѓето ќе разберат. Францускиот национален тим е сè уште во моето срце. Сакам да освојам што повеќе титули со нив. Но, мислам дека тоа е неопходна жртва”, додаде 2,24 метри високиот Вембањама два дена пред селекторот на Франција, Винсент Коле да го објави составот за Светското првенство.

Вембањама, кој во ноември минатата година го забележа првиот настап за репрезентацијата против Литванија (90:65), изјави дека неговиот нов тим Сан Антонио Спарс не го притиснал да донесе таква одлука.

Share
Scroll to Top