Првиот човек на Мото ГП шампионатот, Кармело Еспелета, открил дека е разочаран од случувањата на последната трка во Формула 1, по која Макс Ферстапен стана светски шампион.
За потсетување, Ферстапен во последниот круг, на трката во Абу Даби, го помина Луис Хамилтон, по одлуката безбедносното возило да се повлече од патеката.
Истрагата на ФИА, по повод оваа трка се уште трае. За еден месец, ФИА, треба да ги објави сите детали од истрагата. Еспелета рекол дека такви контраверзи не сака да има во Мото ГП.
„На сакам сезоната да заврши на таков начин. Секако дека би сакал да имаме двајца возачи кои ќе бидат во конкуренција за титулата до последната трка, но она што се случи во Формула 1 не е за пофалба. Сенката падна врз возачите кои сјајно се бореа во текот на целата сезона. На крајот имавме ситуација, виде шампионот Хамилтон воопшто да не се огласи по повод овој случај“, рекол Еспелета.
Првиот човек на Мото ГП се присетил на случувањата од 2015 година, кога во последната трка, Хорхе Лоренцо ја освои титулата пред Валентино Роси.
„Знам дека медиумите беа среќни поради она што се случуваше помеѓу Маркез и Роси. Го следеа сето тоа, само за тоа пишуваа. Искрено не ми беше драго. Едноставно не сакам такви работи. Сакам се да се решава на патеката“, заклучил Еспелета.