Дуелот меѓу Јувентус и Ференцварош од Лигата на шампионите донесе нешто необично што се случи првпат во историјата на славниот италијански тим – првпат откако е основана „старата дама“ во одбраната или на голот немаше ниту еден Италијанец.
Андреа Пирло можеби не сакаше да го направи овој преседан во 123 години долгата историја на Јуве, но едноставно немаше избор – Леонардо Бонучи и Џорџо Кјелини се повредени, така што задниот ред на Јуве го составуваа Хуан Квадрадо, Данило, Матијс де Лихт и Алекс Сандро, додека на голот беше Војчех Шчесни, откако Џиџи Буфон исто така има повреда.
After 123 years and 4371 games, for the first time in history Juventus will start tonight’s game without an Italian player either as their goalkeeper or in their defence.
What a stat ???
[Via @gippu1] pic.twitter.com/rNRdGdPemG
— Footy Accumulators (@FootyAccums) November 24, 2020