Кошаркарите на Бејлор прв пат во историјата ја освоија титулата во НЦАА лигата. Бејлорс Берс, во финалето на завршниот турнир во Индијанаполис, убедливо ги поразија Гонзага Булдог со 86:70.
Бејлор противникот го скршија со брилијантната игра во одбраната. Гонзага во сезоната, во просек постигнуваше 91,6 пени, а во големото финале играчите на овој тим уфрлија скромни 70 поени.
Гонзага до финалето дојде без пораз, со 30 победи и не успеа да стане првиот тим по 1976 година, кој НЦАА титулата ја освоил без пораз.
Новиот шампион го предводеа Џаред батлер со 22 поени, Масио Тиг со 19 и Давио Мичел со 15 поени, шест скока и пет асистенции.
Кај Гонзага се истакна Џајлен Сагс со 22 поени.