Прв пораз на Академија Пандев, Шкупи е нов лидер во ПМФЛ

Прв пораз на Академија Пандев, Шкупи е нов лидер во ПМФЛ

пред 3 години

Попладнево се одиграа шест натпревари од 5. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Од денеска скопски Шкупи е лидер на табелата заради еден постигнат гол повеќе од второпласираниот тим на Академија Пандев кој денеска го доживеа првиот сезонски пораз кај штипска Брегалница со 3-2.

Чаирчани го искористија киксот на струмичани, па убедливо со 4-1 славеа во пресметката со тимот на Скопје.

Возбудувања имаше и во скопски каде тимот на Македонија ЃП го победи велешки Борец со 3:2, во натпревар во кој сите пет гола ги постигнаа само двајца фудбалери.

И ова коло го одбележа новиот кикс на актуелниот македонски шампион, тимот на тетовска Шкендија. Тотовци одиграа само 2-2 во Битола против Пелистер.

Единствени два нерешени дуел денеска се одигра во Кавадарци каде Тиквеш и Струга одиграа 1:1, а со идентичен резултат заврши и мечот меѓу Ренова и Работнички.

Досега од максималните 15 поени, Шкупи и Академија Пандев освоија по 10 на првите две позиции, а третопласирани се тимот на Струга (се уште без пораз во шампионатот) и Македонија ЃП.

Шампионот Шкендија е на осмата позиција со само 6 поени, додека Тиквеш со 2 и Пелистер со 1 бод се на самото дно на табелата.
Фото: ФК Шкупи

Share
Scroll to Top