Пред точно 10 години Руни побарал „милост“ од Барса во финалето на ЛШ

Пред точно 10 години Руни побарал „милост“ од Барса во финалето на ЛШ

пред 3 години

Барселона пред точно 10 години во финалето на Лигата на шампионите го совлада Манчестер јунајтед со 3:1, во еден од најблескавите триумфи во историјата на каталонскиот гигант.

Блауграна на „Вембли“ беше фантастична, уништувајќи го Јунајтед вторпат во три сезони во врвот на тимот на Пеп Гвардиола, и Вејн Руни, кој во првото полувреме успеа да израмни во последните 10 минути барал милост од капитенот на Барса, Чави.

„Доволно е, победивте. Доста ја вртите топката наоколу“, му кажал Руни на Чави според Серхио Бускетс.

Педро, Лео Меси и Давид Вилја постигнаа голови за Барселона, а по мечот самиот Сер Aлекс Фергусон призна дека негов тим никогаш не бил така декласиран.

„Никој не ни ја сокри топката како тогаш. Тие заслужија. Играа на вистински начин и уживаа во фудбалот. Немавме шанса да го контролираме Меси. Тоа беше најдобриот тим против кого сум играл како менаџер“, изјави подоцна Фергусон.

Share
Scroll to Top