Премиер лигата се откажа од скапиот план за ТВ-преноси

Премиер лигата се откажа од скапиот план за ТВ-преноси

пред 4 години

По огромните критики добиени од навивачите, Премиер лигата се откажа од контроверзниот план за пеј-пер-вју наплата на мечевите во Велика Британија за сите натпревари во текот на божиќните и новогодишните празници.

Премиер лигата на почетокот на октомври реши мечевите кои не се дел од стандардните пакети на „Скај спортс“ и „БТ спорт“ да чинат 14.95 фунти по гласањето на клубовите како преодно решение за собирање на средства, но планот налета на бојкот на навивачите, кои собраа над 300.000 фунти во добротворни цели наместо да ги гледаат мечевите на своите сакани клубови.

Сега, под притисок на јавноста, Премиер лигата се враќа на моделот кој се користеше во текот на рестартот на лигата во летото, односно сите мечеви ќе бидат прикажувани на „Скај“, „БТ“, „Амазон“, но и бесплатно на „Би-би-си“.

Фановите на Њукасл не го гледаа својот клуб и собраа пари за добротворни цели

Навивачите лути на Премиер лигата – гледање еден меч на ТВ ќе чини 14.95 фунти!

Share
Scroll to Top