Милвоки Бакс, со пресврт, ги победија Бостон Селтикс со 117:113. Милвоки, во текот на целиот меч ја бркаа предноста на Бостон, првото водство го имаа на 29 секунди до крајот и на крајот предводени од Јанис Адетокумбо забележаа победа.
Бостон, со само осум играчи, одиграа одличен натпревар. На крајот немаа сили да ја завршат работата.
Селтикс, во првиот дел константно имаа двоцифрена предност, максималната изнесуваше 18 поени, а на полувреме водеа со 15 поени разлика.
Милвоки започнаа да ја топат предноста во вториот дел. Дојдоа во еден момент на поен негатива имаа и напад, не го искористија, на што Селтикс одговорија со серија 9:0.
Во самиот финиш доминираше Адетокумбо, со помош на Весли Метјуз, кој погоди две тројки. Втората на 29 секунди до крајот за водство 114:113.
Адетокумбо доминираше со 36 поени, 12 скока, пет асистенции и две блокади. Најдобро го испратија Џру Холидеј и Крис Мидлтон со по 17 поени, кош помалку постигна Боби Портис.
На спротивната страна во текот на целиот меч доминираа Џејсон Тејтум со 25 поени и девет скока, Браун со 25 поени, Смарт со 19 и Причард со 16 поени.