Според угледниот италијански спортски весник „Ла газета дело спорт“, агентот на Кристијано Роналдо побарал од Јувентус да му го продолжат договорот до јуни 2023, и покрај шпекулациите дека тој ќе замине ова лето.
Поранешната ѕвезда на Реал Мадрид и Манчестер јунајтед има уште една година од договорот со „старата дама“, но веќе најави дека му е добро во Јувентус и дека сака да го продолжи договорот на уште една година и покрај враќањето на Масимилијано Алегри на тренерската позиција.
Според „Газета“, Јувентус се свесни дека Мендеш веќе го понудил Роналдо на ПСЖ и на Јунајтед на крајот на сезоната, но двата клуба не биле заинтересирани да дадат многу пари за 36-годишниот ветеран. Сега, „старата дама“, бара време за одлука, бидејќи најголемиот проблем е платата од 31 милиони евра годишно, со што тој е најплатениот фудбалер во Италија.
Ronaldo pronto a restare alla Juve (due anni): ma c’è di mezzo Mbappé #calciomercato https://t.co/HY4nk9e3y5
— La Gazzetta dello Sport (@Gazzetta_it) July 4, 2021