Пресврт – Русија ќе игра во баражот за пласман на СП?

Пресврт – Русија ќе игра во баражот за пласман на СП?

пред 2 години

Постојат шанси Русија сепак да игра во баражот за пласман на Светското првенство во Катар. Руските медиуми тврдат дека планот на ФИФА е баражот да биде одложен за јуни. Се претпоставува дека во наредните месеци Русија ќе ја запре инвазијата врз Украина.

Светската куќа на фудбалот се обидува да најде начин како Русија да игра во баражот, пред да ја донесе конечната одлука.

ФИФА и УЕФА, на 28.февруари, го суспендира учеството на меѓународните натпревари, на руските клубови и репрезентации.

Доколку Русија добие дозвола да игра во баражот, прашање е каква ќе биде реакцијата на Полска, Шведска и Чешка. Овие три национални сојузи со заедничко писмо ја известија ФИФА дека нема да играат против Русија.

Русите во полу-финалниот бараж треба да играат против Полска, а победникот во финалниот меч за место во Катар ќе се бори со подобриот од дуелот помеѓу Шведска и Чешка.

Share
Scroll to Top