Претседателот на Верона го ограбил клубот

Претседателот на Верона го ограбил клубот

пред 3 години

Претседателот на фудбалскиот клуб Верона, Маурицио Сети, се наоѓа под истрага на италијанските даночни власти за перење пари. Според медиумите, инспекторите заплениле 6.500.000 евра кои Сепи ги украл од клубот.

Сети на нелегален начин ги земал парите од Верона со намера да го спаси од банкрот својот втор клуб, Мантова. Јавниот обвинител во Болоња, покренал истрага против бизнисменот поради перење пари и проневера и тој сега се соочува со затворска казна.

Контроверзниот бизнисмен, направил неколку измами, за да го сокрие потеклото на парите.

58-годишникот и во минатото бил под истрага на даночните власти, поради финансиски малверзации и нелогични трансфери кои ги направил како претседател на Верона.

Сети е сопственик на Верона од 2012 година, а на Мантова од 2018 година. За мнозинскиот пакет акции во Мантова тој платил 623.000 евра. Претходно, Сети, бил малцински газда во Капри и Болоња.

Share
Scroll to Top