Претседателските кандидати го блокирале трансферот на Гарсија

Претседателските кандидати го блокирале трансферот на Гарсија

пред 3 години

Ерик Гарсија, фудбалерот на Манчестер сити, во актуелниот преоден рок, нема да се пресели во Барселона, иако ги договорил условите под кои би се вратил на „Ноу Камп“.

Рампата за овој трансфер ја спуштиле претендентите за претседателската функција во Барселона. Имено, по одржаниот состанок на тројцата кандидати, со вршителот на должноста претседател на Барселона, Карлос Таскес, била донесена одлуката, клубот да не му ја исполни желбата на тренерот Роналд Куман.

Двајца од тројцата претседателски кандидати, не го одобриле трансферот на Гарсија, тврди „Мундо Депортиво“.

Инаку, претседателските избори во Барселона, планирани за 24.јануари, нема да се одржат поради пандемијата на коронавирусот. Медиумите шпекулираат дека тие можат да се одржат на 7.март.

Share
Scroll to Top