Примож Роглич едноставно нема ривали – трета титула од Вуелта Еспања

Примож Роглич едноставно нема ривали – трета титула од Вуелта Еспања

пред 3 години

Словенецот Примож Роглич уште еднаш покажа дека е најдобриот велосипедист на денешницата, откако комплетираше речиси совршени три недели на Вуелта Еспања за да ја освои по третпат Трката околу Шпанија.

Велосипедистот на тимот на Џамбо-Висма, ја комплетираше трката со уште една етапна победа, на неделната трка на хронометар од 33.7 километри, за единствено да биде неизвесно со кого ќе го дели подиумот. По драматичното саботно откажување на третопласираниот Мигуел Анхел Лопез, Енрик Мас (Мовистар) го освои второто место пред Џек Хаиг (Бахреин Викториус).

Уште поимпресивно е што Роглич, кој ја презеде црвената маичка со победите на планините во втората недела, претходно го освои и златниот медал во трката на хронометар на Олимпијадата во Токио.

Share
Scroll to Top