Принцот на Рим ќе седне на клупата на Рома

Принцот на Рим ќе седне на клупата на Рома

пред 2 часа

Легендата на Рома, Франческо Тоти се враќа на „Олимпико“. Според информациите на новинарот Никола Шира, раководството на клубот постигнало договор со 49-годишниот Тоти, тој да биде дел од тренерскиот штаб на првиот тим.

Преговорите се во завршна фаза, па официјалната потврда за враќањето би можела наскоро да пристигне.

Тоти треба да добие една од важните позиции во стручниот штаб, додека повеќе детали за неговата улога ќе бидат познати подоцна кога ќе се договорат деталите со стратегот Џан Пјеро Гасперини.

Тоти е најголемата легенда на тимот од Рим. Дебитираше во првиот тим во 1993 година кај Вујадин Бошков и го носеше дресот на Рома во текот на целата кариера. Одигра вкупно 785 натпревари, постигна 307 голови и забележа 205 асистенции, пред да ја заврши кариерата во јули 2017 година.

Foto/ depositphotos

Share
Scroll to Top