Продадена е топката со која беше постигнат голот познат како „Божјата рака“

Продадена е топката со која беше постигнат голот познат како „Божјата рака“

пред 13 часа

Во годината, во која беа одбележани четири децении од легендарната „Божја рака“, топката со која беше постигнат еден од најпознатите и најконтроверзните голови во фудбалската историја беше продадена на аукција.

Судбината ја спречи првата продажба, кога топката, чија автентичност беше доведена во прашање, не успеа да достигне ниту минимална цена од два милиони евра.

Овој пат топката, која заврши во рацете на Тунижанецот, Али Бин Насер во 1986 година, беше продадена. Една година по неуспешната продажба, нејзината автентичност беше потврдена. А сега достигна вредност од 2,9 милиони евра.

Дури и оваа цена не е толку колку што очекуваше Бин Насер, со оглед на тоа што некаде се предвидуваше дека може да достигне цена близу 10 милиони долари (осум и пол милиони евра).

На пример, дресот на Диего Марадона од легендарниот натпревар против Англија, каде што постигна уште еден гол, кој се смета за најубав во историјата на светските првенства, беше продаден за 8,3 милиони евра.

Foto/ L’Équipe

Share
Scroll to Top