Продолженија на Вембли

Продолженија на Вембли

пред 3 години

Заврши регуларниот дел на финалниот натпревар Италија-Англија. По 90 минути борба, на Вембли, резултатот е 1:1.

Англија постигна гол од првата акција на натпреварот, по една минута и 57 секунди, Донарума го совлада Лук Шо. Левиот бек го постигна деби голот за Англија. Овој гол воедно е најбрзиот постигнат во финалните мечеви.

Италија во првиот дел имаше еден опасен обид преку Кијеза, додека Англичаните не заканија воопшто по голот на Донарума.

Вториот дел донсе целосна доминација на Италија. Азурите притиснаа, ја контролираа играта, но не можеа да го пробијат англискиот блок, кој е плитко поставен на 30 метри од својот гол.

Пикфорд му одбрани на Кијеза во изгледна позиција и тоа беше најголемата шанса за Италија.

Во 67.минута израмни Леонардо Бонучи. Ветранот најдобро се снајде по една мешаница пред голот на Пикфорд и израмни на 1:1. Бонучи стана најстариот стрелец на гол во финалето. Ветеранот има 34 години и 71 ден.

До крајот на мечот, Англија се обидуваше преку прекините, додека Италјанците останаа на напаѓачката определба.

Сепак ниту една од репрезентациите не успеа да створи некоја посеризона шанса за гол.

Share
Scroll to Top