Удинезе, по блескавиот старт на сезоната во италијанската Серија А, не успева да стигне до победа ниту во петтиот меч едноподруго, откако дома одиграа само 1:1 со Лече. Македонскиот напаѓач, Илија Несторовски повторно не доби доверба од тренерот Сотил, останувајќи на клупата и покрај потребата за гол.
Младиот Лоренцо Коломбо им донесе водство на Лече на „Дачија арената“ во 33. минута од мечот, додека Удинезе успеа да израмни во 68. минута преку Бето.
Пред комплетното 13. коло во италијанскиот шампионат, Удинезе се на седмото место на табелата со 23 поени, додека Лече се на 17. место со 9 поени, три над зоната за испаѓање.
Standings provided by Sofascore