Промес играше за „лалињата“ на ЕУРО, а сега му се заканува казна затвор

Промес играше за „лалињата“ на ЕУРО, а сега му се заканува казна затвор

пред 3 години

Холандскиот фудбалер Квинси Промес (29) кој ги брани боите за Спартак Москва е во големи проблеми.
По настапот со „лалињата“ на ЕУРО 2020 му се заканува казна затвор од 4 години.

Имено, Холанѓанецот во јули минатата година на една семејна забава го нападнал својот братучед и му забил нож во ногата. Повод за расправијата било тоа што Промес дознал дека роднината украл пари од член на семејството, па фудбалерот решил правдата да ја земе во свои раце. Сведоци на настанот велат дека Промес бил под дејство на алкохол.

Интересно е тоа што повредениот случајот во полиција го пријавил дури по неколку месеци, поради што холандскиот фудбалер неколку дена поминал во притвор.

Пуштен бил оттаму, ги отфрлил обвинувањата, па сега сето тоа ќе треба да го докаже на суд.

Државното обвинителство го обновило процесот и наскоро ќе започне судењето. Доколку го прогласат за виновен, може да заврши во затвор и до 4 години.

Тоа со сигурност би било голем удар за неговата кариера. На ЕУРО 2020 играше против Австрија и Чешка, а не влезе во игра на дуелите против Македонија и Украина.

За Спартак досега одигра 146 меча и постигна 69 гола, а има и 36 асистенции.

За „Орање“ настапи на 50 натпревари и постигна 7 гола.

Share
Scroll to Top