Просинечки: Немам проблеми во Белград, Загреб и Сараево, а тоа е голема работа!

Просинечки: Немам проблеми во Белград, Загреб и Сараево, а тоа е голема работа!

пред 4 години

На денешен ден пред 31 година на стадионот „Максимир“ во Загреб требаше да се одигра дербито Динамо – Звезда. Дуелот требаше да одлучува за шампионот на Југославија, но мечот не го дочека крајот.

Прекинот на тој меч симболично ја најави војната меѓу Србите и Хрватите.

По 31 година од тој меч хрватскиот фудбалски репрезентативец, а сега интернационален тренер – Роберт Просинечки за „Индекс.хр“ ги пренесува неговите сеќавања од минатото.

„Јас од ништо не се срамам. Немам проблем што бев во Звезда, која ме прифати и како играч и как тренер, со неа постигнав успех кој тешко дека ќе се повтори во овој дел од Европа“ вели популарниот „Жути“.

Хрватот во 1990 година играше за Црвена Звезда, на мечот на „Максимир“.

„Знаете, ние одеднаш дојдовме во финалето на Лигата на шампионите. Го победивме Баерн и дојдовме во тој Бари и така на пенали станавме шампиони на Европа. Тоа беше нешто незамисливо и јас не размислував за други работи. Во Загреб не беше пријатно, не беше убаво да се гледаат такви сцени. За мене голема работа е што немам никакви проблеми ниту во Белград, ниту во Загреб, ниту во Сараево. Се чувствувам добро и некои луѓе ме сакаат каде и да отидам“ вели Просинечки.

Share
Scroll to Top