Просинечки одговори: Не знам кој е тој Анте Ребиќ!

Просинечки одговори: Не знам кој е тој Анте Ребиќ!

пред 3 години

Хрватскиот напаѓач и член на Милан, Анте Ребиќ предизвика вистински хаос во својата татковина со своите коментари на Инстаграм во кои изјавуваше дека хрватската репрезентација е „ср.ње“ веќе неколку години и дека нема вистински селектор кој може да го искористи квалитетот на фудбалерите.

Ребиќ влезе во напад и на поранешните хрватски репрезентативци, Роберт Просинечки и Горан Влаовиќ, кои го анализираа поразот од Шпанија, порачувајќи им да го остават „шприцерот пред да почнат да зборуваат“.

Ребиќ беше критикуван за поразот од Шпанија, откако во 38. минута излезе од теренот да ги смени копачките, а Хрватска тогаш прими гол со играч помалку. За ова тој беше критикуван дури и од селекторот Златко Далиќ, кој посочи дека е неприфатливо „Шпанците да забиваат, а ние да менуваме копачки“.

Роберт Просинечки, легендарниот „Жути“ најдобро го искоментира испадот на Ребиќ.

„Не знам кој е тој Ребиќ. Нешто не сме го виделе подолго време“, коментира Просинечки.

Ребиќ: Последниве 2-3 години сме го.на, немавме кој да ја искористи генерацијава

 

Share
Scroll to Top