Против Украина одиме на победа

Против Украина одиме на победа

пред 3 години

Македонската фудбалска репрезентација, попладнево во Букурешт, ќе го одигра еден од најзначајните натпревари во својата историја. Македонија, во второто коло на ЕУРО 2020, ќе игра против Украина. Ова е дуел на репрезентации кои беа поразени во првата рунда, Македонија од Австрија (1:3), Украина од Холандија (2:3).

Победа ќе ја остави Македонија во трката за пласман во осмина-финалето, истото важи и за Украина. Нерешен резултат ќе им ги продолжи надежите на двата тима, дека со победи во последното коло, ќе влезат во нокаут-рундата.

Двете селекции со оптимизам ќе влезат во дуелот, откако нивниот труд во дуелите од првата рунда не беше нагаден барем со освојување на по еден бод.

„Професионалци сме и не смееме да дозволиме пад на атмосфера. Ова е големо натпреварување, ние не смееме да дозволиме ништо да не деконцентрира. Следуваат уште два меча, ќе го дадеме максимумот. Ние овде не дојдовме како туристи, имаме огромен квалитет. Со три блока, со бранење на нашиот гол, и брзи контри да го изненадиме противникот. Кога играте со вакви селекции мора да си подготвен за се. Со Австрија се подготвувавме за едно, а тие излегоа со пет дефанзивци. Секој се обидува да те изненади“, изјави пред натпреварот, Стефан Ристовски.

Селекторите ги кријат тактичките варијани и составите. Македонскиот селектор, Игор Ангеловски, можно е да направи промена во нападот, да стави некој друг фудбалер на местото на Алкесандар Трајковски. Кај Украина, селекторот Андриј Шевченко, ќе може да смета на Циганков, кој не играше против Холандија.

Натпреварот во Букурешт ќе започне во 15 часот. Во вториот натпревар, од 21 часот, во Амстердам, ќе играат Холандија и Австрија.

Фото/ffm.mk

Share
Scroll to Top