Без своите први три ѕвезди, Лео Меси, Килијан Мбапе и Нејмар, Пари Сен-Жермен пристојно се намачи за да стигне до 3:1 победа на гостувањето кај третолигашот Шатеру во меч од Купот на Франција.
Иго Екитике ги донесе ПСЖ во водство во 14. минута од мечот, меѓутоа аутсајерите израмнија со голот на Тио Ндола во 37. минута, и успеваа да го заддржат овој резултат до 78. минута, кога нивниот отпор конечно беше скршен од Карлос Солер. Хуан Бернат ги постави конечните 1:3 во 91. минута од мечот.
ФРАНЦУСКИ КУП, 1/32 ФИНАЛЕ
Шатеру – Пари Сен-Жермен 1:3
Гренобл – Ним 1:0
Париз ФЦ – Валенсиен 3:1
Пау ФЦ – Монпелје 2:1
Стразбур – Анжер 0:0, 4:5 пен.