ПСЖ биле подготвени да ги исполнат барањата на Серхио Рамос

ПСЖ биле подготвени да ги исполнат барањата на Серхио Рамос

пред 3 години

Серхио Рамос од ПСЖ добил понуда „што не се одбива“. Капитенот на Реал, по завршувањето на сезоната, ќе стане слободен играч. Досегашните преговори помеѓу Реал и Рамос не дадоа резултат.

Рамос, според актуелниот договор, во Реал има плата од 12 милиони евра. Шпанците тврдат дека тој побарал три годишен договор и иста плата. Бидејќи во март ќе наполни 35 години, Реал му понудиле едногодишна соработка, за помала плата.

Барањата на Рамос биле прифатливи за ПСЖ. „Светците“ бараат играч кој ќе командува со одбраната, поради што и му понудиле тригодишен договор вреден 15 милиони евра по сезона.

Share
Scroll to Top