Актуелниот шампион на Франција ПСЖ со домашната победа од 2-1 против Ница во 25 коло на Лига 1 повторно е лидер на табелата.
Клубот од Париз до победата дојде без тројца клучни играчи – Нејмар, Анхел ди Марија и Марко Верати.
Во 22 минута водство донесе Дракслер.
Ница изедначи во 52 минута преку Лопес, а победата на „Светците“ им ја донесе Моисе Кин во 76 минута.
ПСЖ има 54 бода од 25 мечам исто толку има и Лил кој утре го пречекува Брест. Трет е Лион со 52 бода.
ПСЖ во вторник игра против Барселона во осминафиналето на ЛШ.