ПСЖ мора да го продаде Донарума

ПСЖ мора да го продаде Донарума

пред 13 часа

Каде ќе брани еден од најдобрите голмани во светот во новата сезона?

Како што стојат работите, тој нема да биде во Пари Сен Жермен. Како што објави „Фудбал Италија“, повикувајќи се на „Лекип“,бигантите од Манчестер, Сити и Јунајтед се вклучиј во трката за потписот на Џиџи Донарума.

Во последните денови, се повеќе се навестува дека иднината на Донарума во Франција е сериозно доведена во прашање. Неговиот договор важи само до 30 јуни 2026 година, а преговорите за продолжување се во ќорсокак.

Пари Сен Жермен не сака да дозволи уште една ѕвезда од тимот да си замине без обештетување и се чини дека затоа одлучиле да го продадат одличниот голман ова лето.

По тој повод, „Лекип“, пишува дека Манчестер Јунајтед и Сити им се придружија на Челзи и Галатасарај, кои беа поврзувани со Донарума уште претходно.

Доколку се врати во Серија А, единствените веројатни кандидати би биле Интер и Јувентус, наведува „Фудбал Италија“.

Италијанецот беше еден од најдобрите играчи на Пари Сен Жермен минатата сезона на патот кон освојување на Лигата на шампионите.

Во исто време, ПСЖ бара негов наследник, а изборот наводно паднал на Лука Шевалие, голманот на Лил.

Share
Scroll to Top