ПСЖ на Баерн без Марко Верати

ПСЖ на Баерн без Марко Верати

пред 3 години

Марко Верати, поради повреда, го напуштил таборот на италијанската репрезентација. Верати играше против Северна Ирска, а пред три дена беше заменет на дуелот со Бугарија во Софија.

Не е познат степенот на повредата на Верати, меѓутоа француските медиуми пишуваат дека тој нема да игра викендов за ПСЖ, во дербито на колото против Лил. Тренерот на ПСЖ, Маурицио Покетино, најверојатно нема да може да смета на Верати ниту за првиот четврт-финален натпревар во Лигата на шампионите против Баерн Минхен.

Првиот натпревар на 7.април, покрај Верати ќе го пропушти и најдобриот играч и стрелец на Баерн, Роберт Левандовски.

Share
Scroll to Top