ПСЖ победнички на „Велодром“, Лил не го дава врвот

ПСЖ победнички на „Велодром“, Лил не го дава врвот

пред 4 години

Пари Сен-Жермен стигна до лесна 0:2 победа на гостувањето кај најлутиот француски ривал, Олимпик Марсеј, резултат кој ги остава на третото место на табелата со три поени заостанување зад Лил, кои исто толку лесно со 2:0 славеа кај Нант.

Килијан Мбапе ја смести топката во мрежата на Стив Манданда уште во осмата минута, по што Мауро Икарди постигна чуден гол во 24. минута за големо 0:2 водство.

Сепак, првото место уште е недостижно, откако Лил ја забележа шестата победа во низа, победувајќи на „Божоар“ кај Нант со двата гола на Канаѓанецот Џонатан Дејвид. Лил имаат 54 поени на врвот, Лион се втори со 52 пред ПСЖ со 51 и Монако со 48. Марсеј се само деветти со 39 поени и без победа во последните шест меча.

ЛИГА 1, 24.КОЛО

Марсеј – Пари Сен-Жермен 0:2

Брест – Бордо 2:1

Монпелје – Дижон 4:2

Ница – Анжер 3:0

Ним – Монако 3:4

Сент-Етјен – Мец 1:0

Нант – Лил 0:2

Share
Scroll to Top