Пари Сен Жермен, во летниот преоден рок ќе ангажира нов голман. Луис Енрике не е задоволен од Лукас Шевалие, кој минатото лето дојде како замена за Џиџи Донамурма. Италијанецот не успеа да се договори со клубот околу платата, па реши да се пресели во Манчестер Сити.
Шевалие, се нематна како логично решение, ПСЖ го ангажира за околу 30 милиони евра, но тој не успева да брани добро во континуитет. Дури и го загуби местото во тимот од Матвеј Сафонов.
„Калчомеркато“, тврди дека во летниот преоден рок, ПСЖ ќе го ангажира голманот на Рома, Милер Свилар.
За најдобриот голман, минатата сезона во Серија А, интерес покрај ПСЖ, покажале Интер и Јувентус.
Рома бара 60.000.000 евра за Свилар, сума што ПСЖ може да ја плати, за разлика од италијанските конкуренти.
Свилар има договор со Рома до јуни 2030 година.
Foto/ depositphotos






