Пјаниќ: И на Меси не му беше јасно зошто не играм кај Куман

Пјаниќ: И на Меси не му беше јасно зошто не играм кај Куман

пред 3 години

Миралем Пјаниќ, за „Тутоспорт“, повторно проговорил за односото со тренерот на Барселона, Роналд Куман. „И на Меси не му беше јасно зошто не играм“, рекол Пјаниќ.

Босанецот, минатата сезона, одигра само 30 натпревари за Барселона, на речиси сите како резерва влегуваше во игра. Во финишот на преодниот рок тој се пресели во Бешикташ.

„Ставот на Куман никој не го разбираше. Дури ни Меси. Неколку пати, Меси, ме прашуваше дали се случило нешто помеѓу нас двајца“, рекол Пајниќ.

Пјаниќ е еден од 18 фудбалери кои имале можност да бидат соиграчи со Меси и Кристијано Роналдо.

„Вистински среќник сум. Ја делев соблекувалната со двајца фантастични фудбалери. Различни се како фудбалери, но сепак многу слични. Живеат за победите, дури и кога се на тренинг. Кристијано се грижи за секој детал, Лео има неверојатна дарба, се што прави прави со невидена леснотија“.

Share
Scroll to Top