Пјаниќ: Ќе болеше Босна да гледа еден од своите да игра за Франција

Пјаниќ: Ќе болеше Босна да гледа еден од своите да игра за Франција

пред 3 години

Ѕвездата на Барселона и на репрезентацијата на Босна и Херцеговина, Миралем Пјаниќ вели дека одбил шанса да настапува за француската репрезентација поради љубов кон својата татковина.

Пјаниќ е роден во Тузла во 1990, а по избивањето на војната во Босна и Херцеговина неговото семејство се сели во Луксембург. Тој играше за младинските репрезентации на Луксембург, пред на 14 години да потпише прво за Мец, а потоа и за Лион. Тогашниот селектор на Франција, Рајмон Доменеш го повикал во репрезентацијата.

„Да, можев да играм за Франција кога пристигнав во Лион, но неколку дена претходно изјавив дека сонувам за Босна. Доменеш ми се јави, но веќе имав одлучено. Му се заблагодарив, но сакав да останам реален. Француската репрезентација беше премногу силна да играш, а ќе ме болеше срцето од другата страна Босна да гледаше како еден од своите игра за Франција“, вели Пјаниќ во интервју за „Канал плус“.

Пјаниќ има 96 настапи за БиХ и 15 постигнати голови.

Share
Scroll to Top