Пјонтек со два гола ги „потопи“ Унион во берлинското дерби

пред 3 години

Унион Берлин пропуштија шанса да се искачат на третото место на табелата во Бундеслигата, откако не го заддржаа водството со играч помалку и загубија со 3:1 во градското дерби против Херта Берлин. Таиво Авонији им донесе водство на Унион во 20-тата минута, но само четири минути подоцна тие останаа со играч помалку по директниот црвен картон за Роберт Андрич. Херта израмни преку Петар Пекарик во 51. минута, пред Кшиштоф Пјонтек со два гола за три минути (74. и 77. минута) да донесе три поени за „старата дама“. Унион остануваат на шестото место на табелата со 16 поени, додека Херта се искачи на11. место со 11 поени.

Share
Scroll to Top