Рабио ја прифатил поканата од Алегри да се пресели во Милан

Рабио ја прифатил поканата од Алегри да се пресели во Милан

пред 4 дена

Играчот од средниот ред на Олимпик Марсеј и Триколори, Адриен Рабио (30), има покана да се врати во Серија А, но не во Јувентус, каде што играше до пред една година, туку во Милан, каде што се врати тренерот Макс Алегри, неговиот шеф од деновите во Торино.

Француските медиуми објавуваат дека тој е спремен да се врати во Италија, па неговата мајка Вероника, која е и негов агент, започнала преговори.

Рабио го носеше дресот на Јувентус пет години пет години, три од нив под водство на Алегри. Рабио сезонава постигна 10 гола и забележа шест асистенции на 31 натпревар за Марсеј.

Останува да се види дали клубот од Велодром ќе му дозволи да си замине, со оглед на тоа што има договор до јуни 2026 година.

„Можам да разговарам со Алегри за сè, вклучително и за враќање во Серија А. Навистина го ценам како личност, има победнички менталитет“, вели Рабио.

Треба да се има предвид дека неговата моментална цена, според „Трансфермаркт“, е 25 милиони евра.

Share
Scroll to Top