Работнички подобар на снегот во Струмица „академците“ се „лизнаа“ со 1-0

Работнички подобар на снегот во Струмица „академците“ се „лизнаа“ со 1-0

пред 3 години

Започна пролетниот дел на Првата македонска фудбалска лига, но во зимски, а не пролетен амбиент. Во Струмица домаќинот Академија Пандев загуби од скопски Работнички со 0-1 на терен комплетно покриен со снег.

Иако попладнево се очекуваше возбудлив дуел пред се поради стилот на игра на тренерите Васоски односно Влахо, но сепак преголеми возбудувања исчезнаа.

Единствениот погодок беше дело на Кристијан Стојкоски во 79 минута по катастрофалната грешка на домашниот голман Марко Јовановски кој лошо ја исфрли топката од својот казнет простор, па на Стојкоски не му беше тешко прецизно да стрела во празната мрежа.

Со овој триумф „романтичарите“ со 27 бода се искачија на петтата позиција, додека „академците“ остануваат претпоследни со 17 освоени поени.

Првото пролетно коло продолжува утре со преостанатите пет натпревари во кои се среќаваат:

Борец – Шкупи, Ренова – Беласица, Силекс – Шкендија, Струга Трим Лум – Македонија Ѓорче Петров и Вардар – Пелистер.

Фото: ФК Работнички

Share
Scroll to Top