Равел Морисон ги крадел копачките на Руни и Фердинанд да го прехрани семејството

Равел Морисон ги крадел копачките на Руни и Фердинанд да го прехрани семејството

пред 3 години

Равел Морисон, еднаш еден од најголемите таленти во академијата на Манчестер јунајтед, кој ја уништи својата кариера со безброј погрешни избори, призна дека ги крадел копачките на Рио Фердинанд и Вејн Руни од тренинг-центарот на „ѓаволите“ за да ги продаде и да го прехрани семејството.

28-годишниот Морисон, за кого Сер Алекс Фергусон изјави дека е најдобриот тинејџер во светот на фудбалот, гостуваше на подкастот на Фердинанд каде што зборуваше за тешкотиите кои ги имал со „погрешното друштво“ и лошите избори.

„Бидејќи бев млад, добивав само школарина. Добивавте 250 фунти за пар копачки. Ако земете два пара копачки, имате 500 фунти и имате пари да им купите дома кинеска храна или слично. Вие имавте по 30-тина пара копачки. Вам не ви штетеше и мислев дека тоа не е голем проблем, иако сега знам дека е погрешно“, вели Морисон.

Морисон дебитираше за Јунајтед во Лига купот во октомври 2010, но имаше само три настапи за „ѓаволите“, сите од клупата во Лига купот. Во јануари 2012 беше продаден на Вест хем, во 2013 заврши во Бирмингем, пред во 2014 да игра за Квинс Парк Ренџерс, секаде како позајмен. Кога „чеканите“ не му го продолжија договорот во 2015, тој остана без клуб, по што замина во Лацио, а играше и за мексиканскиот Атлас, шведскиот Остерсунд и Шефилд јунајтед. Последен клуб му беше АДО Ден Хаг во Холандија, за кој одигра само пет меча.

Руни: Равел Морисон беше далеку поталентиран од Погба (видео)

Беше најголемиот талент за Сер Алекс, по 132 минути доби отказ во Хаг

Share
Scroll to Top