Поранешната ракометарка на ЖРК Вардар, Црногорката Јованка Радичевиќ во првото коло на женскиот олимписки турнир во Токио ја водеше својата селекција до убедлив триумф против Ангола, 33-22.
Радичевиќ имаше учинок 12 гола од 12 шута, од нив 3 од пенал.
Мечот со Анголките со 5 гола го заврши уште една поранешна членка на Вардар, Итана Грбиќ, а четири гола беа запишани зад името на Мајда Мехмедовиќ.
Европскиот шампион Норвешка без никакви проблеми го реши првото коло во Токио и мечот со Јужна Кореја. Победа со 39-27.
Уште на полувреме беше познат победникот, 18-10.
Норвежанките беа предводени од Братсет Дале кој мечот го заврши со 11 гола, а веднаш зад неа со учинокот беше Кристиансен со седум гола.
Бразил и Русија одиграа интересен и возбудлив меч кој заврши со реми 24-24, Холандија немаше проблеми со домаќинот Јапонија, триумф со 32-21.